211 + 130 = 308

Вести

Започна производството на Peugeot 308

Точно меѓу два јубилеја, Peugeot започна со производство на новиот 308

објавено на 30 септември 2021

Основан на 26 септември 1810 година, Peugeot е најстарата активна автомобилска компанијата во светот. На почетокот таа произведуваше мелници за кафе и црн пипер, а подоцна и велосипеди. Прилагодувајќи се на времињата, на 2 октомври 1891 година Peugeot го испорача својот прв автомобил. Токму меѓу овие два јубилеја, 211 години постоење и 130 години автомобилско производство, од погоните на фабриката во Мулуз излегоа првите примероци на новиот Peugeot 308. Тој треба да продолжи да ја ѕида бројката од испорачани скоро 75 милиони автомобили во 160 земји каде компанијата е присутна, потврдувајќи и надминувајќи го предвидувањето на нејзините основачи дека Peugeot ќе стане едно од најголемите индустриски претпријатија во Франција, а во денешни времиња и во целиот свет.