Toyota претстави заменлив патрон со водород
Јапонците силно веруваат дека водородот би можел еден ден да стане гориво кое ќе ги замени сите други. Но добро знаат и дека тој ден е далеку, во голема мерка заради практично непостоечката инфраструктура за негова дистрибуција. Но тоа може лесно да се промени со новите начини за негово складирање кои тие постојано ги смислуваат. И навистина – заменливиот патрон со водород значително ќе го олесни неговото користење во секојдневниот живот.
Прототипот на овој уред има пречник од 18 и должина од 40 сантиметри, а тежи 5 килограми. Експериментите покажаа дека во него собира доволно водород за 3 до 4 часа работа на куќен електричен апарат. Секако, ќе може да се користи и во автомобилите иако барем засега прашање е колкава автономија ќе може со него да се обезбеди. Сепак ветувачки е тоа што лесно се заменува и што може да се користи за широк дијапазон примени.



