И отпадот има вредност!
ЈП ПОЦ и Општина Центар ја поставија првата еколошка новогодишна елка направена од рециклирани пластични шишиња
Акцијата за намалување на пластичниот отпад и лименки, која една година е активна, кулминира со Новогодишна елка висока 5 метри.
Таа е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња и лоцирана е во Дебар Маало кај кружниот тек близу општината. Поставувањето на оваа елка е впечатлив начин да се истакне како пластиката може да се рециклира и да се искористи повторно. Општина Центар преку проектот „И отпадот има вредност!“ е прва општина во регионот која одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите. За една година, во рамките на проектот, рециклирани се повеќе од 300.000 PET пластични шишиња и лименки, издадени се над 3000 Green Pay картички, исплатени се над 300.000 денари субвенции од Општина Центар за сите граѓани кои се вклучиле во процесот на рециклирање.


