Тоуота – Фокус на водородот

Водород наместо фосилно гориво

Транзиција на класичните мотори со „зелен“ енергенс ќе реши многу прашања и ќе заштеди пари

Јапонскиот џин најави дека работи на водороден мотор со внатрешно согорување за тешки комерцијални возила. Најголемиот светски производител на автомобили заедно со Isuzu и Hino работи на развивањето на искористувањето на овој енергенс а како добавувачи се посочени Denso и Commercial Japan Partnership Technologies Corporation (CJPT). Целта е да се користи водород во моторите со согорување наместо фосилно гориво. Тоyота ја тестира технологијата повеќе од една година во спортски автомобили од јапонската тркачка серија Super Taikyu и сега би сакала да се справи со неа заедно со своите четири партнери за тешки комерцијални возила. Германскиот производител на мотори Deutz во моментов развива таков погон за камиони и автобуси.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER