Стара нова година, стари нови цени на горивата

Стара нова година, стари нови цени на горивата

Објавено на 13 јануари 2020 година

Замислете и тоа се случи – регулаторната комисија за енергетика на Македонија одлучи да ги зголеми цените на горивата во просек за 0,97%, ама заради заокружувањето на сумите новите малопродажни цени се идентични со старите. Така, како и минативе пет дена, и во оваа стара нова година ќе влеземе со стари нови цени на горивата кои на бензините еуросупер  БС-95 и еуросупер  БС-98 изнесуваат 68 односно 70 денари, а на еуродизел Д-Е V 62,50 денари за литар. До ова е дојдено заради намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кај бензинот во просек за 0,92% и кај дизелот за 1,90%, истовремено кога курсот на доларот се зголеми за 0,61%. Математиката со процентите е малку чудна, но таква каква е влијаеше така како што влијаеше.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER