Се појави Arteon Shooting Brake

Се појави Arteon Shooting Brake

Volkswagen за некој ден ќе го претстави редизајнираниот Arteon, кој ќе добие нова интересна изведба

Објавено на 20 јуни 2020 година

Volkswagen Arteon се појави во 2017-тата како наследник на Passat CC, но всушност запоседна на врвот на гамата на марката бидејќи една година претходно престана производството на Phaeton. Но тој сепак е за класа помал од него, што беше доволна причина Германците да размислуваат како да го направат повреден. И дојдоа до решение – со новата редизајнирана верзија, тој ќе добие интересна караванска изведба. Надградената четиривратна купе каросерија одлично ги прифати Shooting Brake линиите, навестени пред некое време со првите објавени скици. Уште поинтересно е и што ќе има полутеренска Alltrack верзија со заштитни пластични елементи кои ги карактеризираат овој вид возила. Промените кои се очекуваат во моторизацијата ќе ги дознаеме дополнително.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER