Дали владата ја стимулира инфлацијата?
Со денешната одлука на РКЕ дизелот поскапе за два денари за литар, или вкупно пет денари за само два дена. Со оглед дека дизелот е основно гориво на транспортерите, поскапувањата на сите намирници ќе поскапат, а со тоа куповната моќ на граѓаните опаѓа, а сиромаштијата се зголемува. Од полноќ цената на дизелот достигнува историско високо ниво во однос на бензините. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) од 98,50 ден/лит е повисока од бензниот БС-95 за 9,50 денари по литар додедка од БС-98 за седум денари чија цена е 91,50 денари по литар.


