Декември започнува студено!
Цените растат за празнична атмосфера?
објавено 30. ноември 2020
На денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика изгласано е ново поскапување на горивата што донесе негодување на возачите. Ваквата одлука се правда поради цената на сировата нафта и зголемените трошоци на транспорт. Од полноќ, 01. декември малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 53,00 ден/лит.


