Полнете гориво, ќе поскапи!

Полнете гориво, ќе поскапи!

Ја гледате дупката на дијаграмот? Треба да се пополни со нови, повисоки цени на горивата

Објавено на 11 мај 2020 година

Според вообичаената агенда, регулаторната комисија за енергетика денес ќе одлучува колкави ќе бидат новите цени на горивата во Македонија кои ќе важат од полноќ, поточно заради полицискиот час од утре од 5 часот. Како ќе одлучат не знаеме, но знаеме дека согласно методологијата за пресметка на цените на горивата кај нас тие зависат од берзанска цена на нафтените деривати. Таа директно не е поврзана со цената на нафтата, но секако ја следат. Согласно тоа, цените на горивата кај нас „доцнат“ недела до две со светските трендови изразени преку West Texas Intermediate (WTI Crude) односно лесната тексашка сурова нафта која важи како репер за сé што се тргува на нафтениот пазар. А како дијаграмот го претставува токму движењето на нејзините цени минатиот месец, не е тешко да се заклучи дека горивата кај нас ќе поскапат.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER