Пластичарската улица стана булевар
Објавено на 27 април 2020 година
Градот Скопје со помош на 2 милиони евра и полицискиот час успеа без поголеми сообраќајни нервози да ја реновира пластичарската улица која беше едно од најтесните грла. Како таа изгледа сега може да се види од фотографиите. На целиот потег од подвозникот кај Бит-пазар сé до крстосницата кај американската амбасада ќе бидат во функција 4 коловозни ленти. Колку навистина, повеќе ќе зависи од нашата дисциплинираност да ги користиме за она за што се наменети – за возење, а не за паркирање. Најпроблематичната крстосница е проширена до максимум колку што дозволуваше просторот, а работите понатаму ќе продолжат до крстосницата кај Момин Поток, по што ќе следи и изградба на кружен тек кај Хубо.




