Нова недела, нови цени на горивата

Нова недела, нови цени на горивата

Објавено на 3 јуни 2019 година

Согласно своите надлежности, регулаторната комисија за енергетика според новиот начин ги пресметува цените на горивата секоја недела, па така според нивната најнова одлука тие од утре се намалуваат во просек за 2,20%, односно дизелот и бензинот 95 за 1,50 денари за литар, а бензинот 98 за 1 денар. Така од утре цената на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 69,50, на еуросупер БС-98 72, а на литар еуродизел БС Д-Е V 62,50 денари. До ова е дојдено со намалување на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период, и тоа кај бензинот во просек за 4,14% и кај дизелот за 4,44%, како и понискиот курс на доларот за 0,013%. Во овие максимални цени по кои ќе се продаваат горивата кај нас наредната недела се вклучени големопродажна маржа во износ од 1,20 денари за литар, малопродажна маржа од 4,60 денари за литар, транспортни трошоци 0,75 денари за литар, надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина во висина од 0,080 денари за литар кај бензините и 0,030 денари за литар дизел, надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати од 0,890 денари за бензините и 0,300 денари за дизелот и, секако, акциза и данок на додадена вредност. Без сите овие давачки, цената на литар еуросупер БС-95 изнесува 29,666, на еуросупер БС-98 31,483, а на литар еуродизел БС Д-Е V 30,704 денари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER