Македонскиот дизајнер Дејан Христов замисли цело семејство Yugo возила
Од теренец преку комби до родстер…
Нашиот Дејан Христов со дизајнерската студија на електричен Yugo од 21 век пред две години доби пофалби од цел свет, што беше доволен мотив да продолжи да работи. Новиот предизвик за него беше да креира цело семејство Yugo автомобили – од теренец преку комби до родстер. Бидејќи сликата кажува повеќе од илјада збора, собравме нешто од неговите дела за да ви го прикажеме.


































