Преку полна линија не се гази, нели?
Во едно мало место во Франција смислиле генијален начин како да ги забават брзите возачи
Боне е село во близина на Леман во Франција со помалку од две илјади жители, ама бидејќи се наоѓа на регионален пат низ него поминуваат доста возила, често со брзини поголеми од дозволените. Затоа и локалните жители на многу инвентивен начин нашле решение како да се справат со маките што ги имаат. Како што се гледа на сликата, тие на уличките во селото изнацртале еден куп полни линии кои создаваат психоделична слика, доведувајќи ги во чудење сите што наидуваат. Природната реакција е токму тоа што сакале да го постигнат – намалување на брзините со кои возачите поминуваат низ нивото село. Навистина ефикасно, нели?!


