Четири компании држат 75 отсто од испораките…
…а шест од првите десет се кинески
Според корејскиот истражувачки институт SNE Research, во периодот од јануари до јуни годинава глобална продажба на батерии за електрични возила изнесуваше вкупно 304,3 GWh, што е пораст од 50,1 отсто во однос на истиот период лани. Најмногу батерии, 112 GWh, за 56,2 отсто повеќе од истиот период 2022-рата, има продадено кинескиот производител CATL, со што компанијата успеа да освои практично монополски 36,8 отсто пазарно учество. Значајно е и тоа што CATL скоро двојно го зголеми својот пласман во Европа и Северна Америка. На второто место но со силен пораст од 102 проценти и продадени 47,7 GWh е исто така кинескиот BYD, чие пазарно учество од 11,6 се искачи на 15,7 отсто. Со тоа тој го престигна корејскиот LG кој продаде 44,1 GWh (+50,3%) и освои 14,5 отсто од пазарот, додека четврти е јапонскиот Panasonic со 22,8 GWh (+39,2%) и 7,5 учество на пазарот.
Од 2017-тата производството на батерии за електричните автомобили забележува просечен годишен пораст од 55 отсто. Според најновите податоци, 6 од 10-те најголеми производители се од Кина, а 3 од Јужна Кореја.


