Кинескиот HiPhi ги објави европските цени

Кој вели дека кинеските автомобили се евтини?

Во склоп на плановите за глобална експанзија кинеската марка HiPhi го најави влезот на европскиот пазар со објавувањето на цените на првите модели кои ќе бидат лансирани

HiPhi е производител на електрични премиум возила, а такви се и цените. Гамата им се состои од три модела, од кои за почеток ќе бидат понудени два – големиот кросовер HiPhi X и луксузниот GT модел HiPhi Z.

HiPhi X се задвижува со два електромотора со вкупна сила од 295 коњи и до 100 km/h забрзува за само 3,9 секунди. Батериите со капацитет од 97 kWh овозможуваат поминување на 460 WLTP километри. Се истакнува со специфичниот начин на отворање на вратите, а во Европа ќе стигне во конфигурации со луксузни четири или стандардни шест места, по цена од 123.000 односно 109.000 евра.

HiPhi Z е „дигитален“ електричен модел чии два електромотора му обезбедуваат 663 коњски сили. До 100 km/h забрзува за 3,8 секунди, а батериите од 120 kWh му даваат автономија од 555 километри. На Стариот Континент ќе се продава со 4 или 5 седишта, по цена од 107.000 односно 105.000 евра.

Првите испораки и на двата модела се најавени за третиот квартал годинава.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER