И Peugeot Rifter под знакот на Toyota

И Peugeot Rifter под знакот на Toyota

После 13 години Французите и Јапонците решија да се раздружат во Чешка, а за возврат да започнат нова соработка
Објавено на 3 декември 2018 година

Toyota и PSA групата објавија дека го завршуваат заедничкото производство во Чешка, но дека ќе продолжат со нова соработка во компактниот сегмент на доставни возила. Согласно тоа, фабриката во која се произведуваат Peugeot 108, Citroen C1 и Toyota Aygo целосно ќе премине во рацете на Toyota, што е планирано да се случи во 2021 година. Оваа фабрика стартуваше со работа во 2005 година како успешен заеднички проект на француско-јапонската кооперација. Но оттогаш ситуацијата на пазарот се смени, заради што Aygo, 108 и C1 веќе нема да бидат полубраќа-близанци. Со преминувањето на фабриката во Колин под закрилата на Toyota, јапонската марка ќе има седум производствени локации на европско тло. Тие планираат да ја задржат постоечката работна сила, што значи дека освен малиот модел од А-сегментот ќе произведуваат и нешто друго, иако засега не е познато што.

Како одговорни бизнисмени, Французите и Јапонците истовремено се договорија нивната соработка да продолжи на ново поле, овој пат меѓу доставните возила од Ц-сегментот. Според веќе официјално потврдените информации, PSA за Toyota во својата фабрика во Виго, Шпанија, ќе произведува нов модел наменет за европскиот пазар. Иако тоа не е прецизно декларирано, најверојатно станува збор за верзија на Citroen Berlingo, Opel Combo и Peugeot Partner односно Rifter во патничка изведба. Во овој контекст треба да се спомене дека PSA за Toyota веќе го произведува доставниот Proace во своите француски погони покрај Валенсиен.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER