И Kia ја освои Red Dot наградата за xCeed
Објавено на 3 април 2020 година
Популарниот кросовер на Kia стана четвртиот член на семејството на Ceed кој ја доби оваа реномирана награда. Коментирајќи го признанието, од Kia истакнаа дека ова е уште едно достигнување за компанијата која досега се закити со вкупно 25 вакви награди. Пред него тоа им појде од рака на Ceed, Ceed SportsWagon и ProCeed, со што кои сите заедно добија исклучително важно признание за нивниот извонреден дизајн. Овие награди кои се доделуваат од Центарот за дизајн на Северна Рајна-Вестфалија се сметаат за едни од најпрестижните во светот. Селекцијата ја вршат 40 стручни независни дизајнери, професори за дизајн и новинари од целиот свет, кои годинава оценија преку 6.500 производи од 60 земји низ целиот свет.
Kia xCeed претходно веќе има добиено неколку значајни други награди, меѓу кои и престижниот „Златен волан”. Овој кросовер е замислен исклучиво за европските клиенти и од него досега се продадени над 20.000 примероци. Бројката во иднина ќе расте, посебно затоа што Kia има предвидено да претстави негова плаг-ин електрифицирана варијанта.


