Избор на автомобил на 2020 година во Македонија
Познати финалистите
Објавено на 21 јануари 2020 година
Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија ги одбра возилата кои влегуваат во финалето за 2020 година. Така, за јубилејната 25-та титула ќе се борат BMW серија 1, Kia xCeed, Mazda3, Opel Corsa, SsangYong Korando и Toyota RAV4. Според однапред утврдената динамика следуваат деталните запознавања со финалистите, а прогласувањето на победникот ќе биде на средината на февруари. Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија го прославува 25-годишниот јубилеј. Победникот традиционално ќе ја добие наградата стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, која во сите досегашни избори ја добиваше победникот, а е изработено токму за националниот избор на автомобил на годината во Македонија. Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „SUV на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија кај нас „Томислав Биљарац“.


