Се очекува годинава во Кина да бидат продадени околу 9 милиони електрични и хибридни возила
Додека Европа и светот се фалат со засилената електрификација, продажба на електрични и хибридни возила во Кина продолжува да цвета дотолку што дури една третина од сите нови автомобили продадени низ целата земја годинава се очекува да бидат токму такви. Факт е дека Кина брзо се етаблира како најголем пазар на електрифицираните, посебно на чисто електричните возила кои во земјата ги произведуваат околу 200 компании. Затоа и не треба да чуди што нивната продажба расте толку. Причина за тоа не е толку свеста на граѓаните колку државните поттикнувања и помалите трошоци за одржување. Тоа го сфати и Tesla намалувајќи ги неколкупати цените за да ја задржат конкурентноста. Нивната иницијатива, сакале или не, мораа да ја следат и другите тамошни производители доведувајќи ги електричните возила на ценовно ниво кое никогаш не било подостапно за купувачите од кога било досега.

Паралелно со тоа се создаде и пазар за електричните модели со средна големина и цена, за разлика од порано кога повеќето беа скапи и луксузни или пак смешно мали и евтини. Електричните возила во Кина моментално можат да се поделат во три ценовни категории – прават до приближно 7.500 долари, втората за возила кои чинат меѓу 15.000 и 22.500 долари, а третата за возила со цена повисока од 30.000 долари, меѓу кои најбарани во моментот се оние од средната ценовна класа. Секако, трендот на зголемување на продажбата на електричните возила ќе продолжи и според очекувањата на локалните познавачи на пазарот до 2035 година тие ќе опфаќаат 80% од пазарот. Клучната предност што Кина ја има во однос на другите земји е фактот што нејзините производители на батерии за електрични возила држат 70% од глобалниот пазар, што им дава на локалните производители на автомобили конкурентна предност пред ривалите.



