Европјаните се подготвени да ги прифатат кинеските автомобили

Предрасудите паѓаат

Зголеменото присуство на кинеските марки во Европа полека ги руши предрасудите што купувачите ги имаат према нивните возила. Според една анкета направена неодамна, 29% од возачите од Велика Британија и 30% од Германија без проблем би купиле кинески автомобил. Сепак долг е патот додека тие целосно ги урнат бариерите што им се испречуваат. Најголема пречка во моментот е што за купувачите од Европа кинеските брендови им се сосема непознати. Перцепцијата за нивниот квалитет и она што го нудат изостанува, а маркетиншките активности се сведени на минимално ниво. Кинезите сепак треба да сфатат дека за добар дел од тукашните купувачи, според анкетата 59% од Германците и 66% од Британците, потеклото на возилото е важно бидејќи врз основа на тоа создаваат слика за она што може да очекуваат од него. Лекцијата сепак е научена, останува уште да се спроведе во пракса за што сигурно ќе требаат повеќе години. Во тоа сепак многу ќе им помогне електрификацијата бидејќи факт е дека кинеските производители предводат во поглед на имплементацијата на нови технологии.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER