Горивата поскапеа, повторно

Горивата поскапеа, повторно

Објавено на 24 февруари 2020 година

Спиралата цени на горивата кај нас започна да се размотува – малку по малку, од недела во недела, тие продолжуваат да растат. Така реши регулаторната комисија за енергетика според која бензините поскапеа за еден, а дизелот за половина денар. Тоа според нив се должи на зголемувањето на референтните цени на дериватите на светските берзи кај бензинот за 2,68% и кај дизелот за 1,41%, што заедно со поскапувањето на доларот за 0,8% во однос на минатонеделното ниво придонесе од ноќеска литар еуросупер БС-95 да се продава за 67, литар еуросупер БС-98 за 69 а литар еуродизел Д-Е V за 58,50 денари. И така до наредниот понеделник…

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER