Бродот што гори не може да се изгаси

Скоро 4.000 возила оставени да изгорат

Бродот со возила кој се запали минатата недела покрај холандскиот брег не може да се изгаси и е одвлечен на посигурно место да изгори или да потоне. Иако батериите на електричните возила горат и под вода, температурата сепак ќе се намали и огнот побрзо ќе згасне бидејќи ќе се спречи тој да продолжи да се проширува. Според информациите од јапонската шпедитерска компанија која го користи, бродот превезувал 3.783 возила (од кои 498 електрични) од Германија за Египет. Од компанијата одбија да кажат од кои марки се возилата. Претходно дека имаат свои возила на бродот потврдија Mercedes и BMW.

Причините за пожарот скоро е неможно да се одредат, но последиците се јасни. Кога ќе се запалат батериите на електрично возило, многу тешко се гаснат. Она што  гори во нив се електролитите, најчесто диетил-карбонат и диметил-карбонат кои се запаливи. Проблем е што електролитите во литиум-јонските батерии не се само гориво за пожарот, туку обезбедуваат и кислород заради што огнот гори и под вода. Важно е и  тоа што пожарот на батериите на електричните возила ослободуваат двојно повеќе енергија од класичните горива.

2

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER