Ќе рипне ли цената на горивата до небо? (со видео)

Ќе рипне ли цената на горивата до небо? (со видео)

Објавено на 24 јуни 2019 година

Тензиите околу Иран зачинети со експлозијата на рафинеријата во Филаделфија се закануваат да предизвикаат нов светски нафтен шок. Нашата регулаторна комисија за енергетика која денеска треба да излезе со нови цени на горивата пресметките за нив ги прави врз основа на просечните берзански цени во изминативе седум дена, така што најверојатно овие настани нема да придонесат за некакво сериозно пореметување на сегашното ниво на цени. Но тоа важи само за денес, додека веќе идната недела на бензинските станици ширум Македонија може да нé очекуваат непријатни изненадувања. Но не само нас – настаните што ги споменавме ќе влијаат на цел свет, како стојат работите засега само моментално, но не е исклучено и нивно долгорочно влијание. Имено, оние кои ја следат проблематиката со цените на нафтата и дериватите знаат дека на неа еднакво влијаат локалните американски состојби околу снабдувањето како и глобалните – во овој случај напнатата политички-воена ситуација со Иран, кој и не е така голем фактор со светското снабдување со нафта. Плус на тоа ако се додаде и дека нафтените магнати секоја ваква ситуација ја користат да ја свртат во своја полза, тогаш реално е да се очекува дека ни претстои лето со високи цени на горивата, а нам ни преостанува да са надеваме дека не сме во право.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER