ЈП ПОЦ – 190 ”уловени”

Санкционирани 190 непрописно паркирани возачи

објавено 02. февруари 2021

Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 190 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.  Во периодот од 25.01. до 31.01.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER