Јагуар Ланд Ровер затвора фабрики и отпушта работници

Јагуар Ланд Ровер затвора фабрики и отпушта работници

Брегзит се одложи, но не и црните прогнози на британските авто-производители

Објавено на 14 април 2019 година

Јагуар Ланд Ровер ненајавено но не и неочекувано го прекина производството во своите фабрики. Се работи за пауза од само една недела но сепак британскиот производител на автомобили е трет што ја применува оваа практика – пред него тоа го сторија BMW и Vauxhall. Но тоа не е лошиот дел од приказната, туку дека потегот на JLR како одговор на неизвесноста околу условите на Британија за излез од Европската унија ќе влијае на илјадници вработени. Иако загрижени заради ова, претставниците на синдикатите сметаат дека привременото затворање на производствените погони е во ред за заштита на бизнисот. Тие дури и потенцираат дека во оваа ситуација тоа е најдобро што може да се направи како реактивно дејство за ублажување на потенцијалниот ефект на лошата Брегзит политика што ја води владата. Искрено, не до крај ни е јасно што сакаат со тоа да кажат, но сосема ни е јасно дека Британија се заплетка во сопствената мрежа од која тешко дека ќе се извлече без болки, кои за жал автомобилската индустрија ќе ги почувствува силно.

Јагуар Ланд Ровер беше отворен критичар на Брегзит и претходно предупреди дека ако Велика Британија не може да се согласи за трговски договор со ЕУ, нивната загуба од тоа уште на стартот ќе чини 1,2 милијарди фунти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER