Нова намена на постоечките капацитети
ЅЕАТ сака да игра една од главните улоги во електрификацијата на групацијата VW. За таа цел фабриката Ел Прат ќе биде редизајнирана за да биде посветена на електрични возила со пет нови проекти за производство на компоненти за семејството мали батериски електрични возила од 2025 година. Со планот за конверзија се прави уште еден чекор во остварувањето на амбицијата Шпанија да стане европски центар за електрична мобилност. За да се постигне оваа цел, компанијата планира да инвестира милиони евра во фабриката. Во моментов, околу 900 луѓе работат во производство во SEAT Components и тие произведуваат два рачни менувачи за автомобили со мотори со внатрешно согорување.
Производството на електрични автомобили ќе значи прогресивно намалување на волуменот на производство на овие менувачи и можност за искористување на висококвалификуваната работна сила. SEAT Components е еден од трите производствени центри на компанијата, заедно со Марторел и Барселона, и еден од деветте наменски производствени капацитети за менувачи на групацијата Volkswagen ширум светот. Основана во 1979 година, SEAT Components беше препознаена во неколку наврати за својата ефикасност и високиот квалитет на производствените процеси. Во 2016 година, фабриката ја доби наградата за индустриска извонредност како признание за нејзината стратегија за посно управување, препознавајќи ја како репер во однос на продуктивноста и квалитетот.


