Шок за возачите – нови цени на горивата

Шок за возачите – нови цени на горивата

објавено на 13 мај 2019 година

Од утре, место регулаторната комисија за енергетика, трговците сами ќе ги одредуваат цените на горивата. Некои веќе го сторија тоа, оставајќи ги возачите во шок – спротивно на сите очекувања, Макпетрол ги поевтини горивата, барем поголемиот дел од нив. Би посакале и другите да го следат примерот на оваа наша општествено одговорна компанија, докажувајќи ни на сите нам дека пазарното однесување не секогаш значи и безусловен удар по нашиот џеб. Напротив, согласно соопштението за јавност од Макпетрол, цените на горивата што тие ги имаат формирано се донесени согласно светски призната методологија која во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите. Така, од утре на бензинските пумпи на Макпетрол за литар Ultra 95+ Economy ќе плаќаме по 71 денар, а за посилниот Ultra 100 Race Pro по 73 денари. Дизелот малку псокапе литар Ultra Diesel Green Power ќе чини 64 денари, а Ultra Diesel Bio Power ќе има цена за еден денар повисока. Според соопштението на Макпетрол, согласно нивните пресметки кога цените на нафтените деривати би се определувале по старата методологија би биле повисоки од наведените.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER