Улицата Димитрија Чуповски и денес затворена
Објавено на 8 јуни 2019 година
Оние што поминаа вчера знаат, а другите треба да знаат дека заради асфалтирањето улицата Димитрија Чуповски во центарот на градот и денес ќе биде под привремен сообраќаен режим, односно скоро целосно затворена – до утре изутрина ќе биде слободна само една лента од центар кон студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, каде возилата што ќе се движат кон центарот ќе мора да вртат лево или десно по булеварот Свети Климент Охридски кон булеварот Партизански одреди или пак кон Водњанска. На оние пак кои доаѓаат од таму забрането ќе им биде вртењето десно кон улицата Димитрија Чуповски, што значи дека и тие ќе мора да продолжат да се движат право по булеварот кон соборниот храм.