Улицата Димитрија Чуповски затворена, се асфалтира

Улицата Димитрија Чуповски затворена, се асфалтира

Објавено на 7 јуни 2019 година

Градежните работи на улицата Димитрија Чуповски во центарот на градот се пред крај и денес и утре ќе се изврши нејзино асфалтирање
заради што е воведен привремен сообраќаен режим кој предвидува скоро целосно нејзино затворање. Поточно, од денес од 7 часот до утре (сабота) до истото време на потегот меѓу булеварите ВМРО и Свети Климент Охридски ќе биде слободна само десната крајна лента која води од студентски дом Кузман Јосифовски Питу кон центарот на Скопје. Возилата што се движат во спротивната насока, од центарот кон студентскиот дом кај Палома Бјанка ќе мора да вртат десно кон булеварот Партизански одреди, а возилата што доаѓаат од таму ќе можат да одат право и лево – вртењето во десно за нив ќе биде забрането.

Од утре изутрина до недела до 7 часот пак, ќе биде слободна само една лента од центар кон студентскиот дом. Возилата што ќе се движат кон Центар ќе мора да вртат лево или десно по булеварот Свети Климент Охридски. Исто така, забрането ќе биде и вртењето десно од булеварот Свети Климент Охридски кон улицата Димитрија Чуповски, односно возилата што доаѓаат од таму ќе продолжуваат да се движат право по булеварот кон соборниот храм.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER