Турција сепак не е финален избор за Volkswagen?!

Турција сепак не е финален избор за Volkswagen?!

И покрај сите вести, Бугарија може да ги продолжи преговорите со Volkswagen за новата фабрика

Вакво уверување доби Бојко Борисов откако се сретна со претставниците на автомобилскиот кластер во Бугарија предводени од поранешниот претседател на земјата Росен Плевнелиев кој недвосмислено изјави дека одлуката на VW за Турција се однесува само на продолжувањето на преговорите, што не значи и дека не може да се преговара со Бугарија и дека таа нема шанси за новата фабрика. Тој смета дека сé додека договорот не биде потпишан ништо не е финално и дека секоја од земјите што се споменуваа претходно има шанси да биде избрана. Тој уште додаде и дека сé уште се работи на тоа и дека преговорите со Volkswagen ќе продолжат во текот на наредните месеци.

Неговото мислење го поддржа и министерот за економија Емил Караниколов кој смета дека автомобилскиот кластер во земјата е подготвен за производство на автомобили. Тој е основан во 2012 година, од кога бројот на компании во него нарасна од 30 на 230, а вкупниот промет од 2 на 10 милијарди лева. Тој исто така најави изградба на пат за тестирање автономни возила во Бугарија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER