Трката за AutoBest 2020 започна

Трката за AutoBest 2020 започна

Во финалето за престижната Best Buy Car of Europe титула годинава ќе се натпреваруваат 5 нови модели

Објавено на 8 октомври 2019 година

Nissan Juke, Opel Corsa, Peugeot 208, Renault Clio и Škoda Kamiq се финалистите кои влегоа во трката за престижната AutoBest 2020 титула. Жирито составено од 31 член со нив ќе се сретне на прочуената F1 патека во Истанбул и ќе ги искористи нејзините капацитети за да ги направи финалните тестирања. Победникот ќе биде објавен на средината на декември, а церемонијата на доделувањето на наградите ќе се одржи во Мајнц Германија во февруари идната година. За еден автомобил да ја добие титулата мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни. При одлучувањето за победникот AutoBest жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

Посветувајќи големо внимание на случувањата во автомобилската индустрија, жирито доделува уште осум други признанија. Така наградата ManBest со која си обезбеди влез во алејата на славните годинава ја доби Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel. Тој во време кога марката го бараше патот кон успехот беше вистинскиот човек со вистинската визија и стратегија да го истурка германскиот производител на автомобили во нова ера. CompanyBest наградата отиде кај Geely, кој без сомнение е најбрзорастечката автомобилска компанија во светот. Основана во 1986 година од страна на визионерскиот претседател Ли Шу Фу таа денес поседува повеќе автомобилски брендови како што се Lotus, Volvo, Lynk & Co и други и е пионер на нови марки електрични возила и решенија за мобилноста. За првпат во 19-годишната историја AutoBest жирито да одлучи да ја додели една наградата постхумно. Нашироко сметан за еден од најголемите возачи на сите времиња, Ники Лауда целиот свој живот го посветен на инженерскиот напредок што ја смени формула 1 на начин кој како натпреварување ја дефинира и денес. Затоа сосема заслужено неговото име ќе биде запишано меѓу добитниците на SportBest наградата. Со престижното SafetyBest признание се оддаде сатисфакција на Jaguar Land Rover за неговите ClearSight Rear View Mirror и Ground View системи. Воведувањето на овие револуционерни технологии ќе помогне во подигнувањето на нивото на безбедност како за возачот така и за патниците, отворајќи нови граници на ова поле.

Останатите DesignBest, TechnoBest, SmartBest и EcoBest награди ќе бидат објавени заедно со AutoBest 2020 победникот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER