Јубилеј за почит
30 години упорност
објавено 04 декември 2020
Една од првите приватни фирми во Р.Македонија за дејност трговија со моторни возила е основана од семејството Каленикови. Во сега далечната 1990 година ТД Кадис започна со продажба на возилата Suzuki кои ги проби на нашиот пазар, а потоа се преориентира на ЅЕАТ, втора марка која е воведена и пробиена во Македонија од страна на Кадис. Триесет години подоцна семејството може да се пофали со успешна дистрибуција на групацијата Reanult вклучително со Nissan и Dacia. Горди на постигнатите успеси, поради пандемијата заслужената прослава е пролонгирана за некои подобри времиња во кои ќе можеме да се социјализираме и да наздравиме заедно за значајниот јубилеј!


