Стартуваше најнеизвесното рели во историјата на Дакар
Објавено на 8 јануари 2019 година
После многу неизвесности, стартуваше релито Дакар 2019-та. Организаторите го исполнија своето ветување и заедно со Перу која беше единствена земја што ги подржа, тргнаа во битка со предизвиците на човекот и машината против природата. Таа годинава е поделена на 10 етапи со вкупна должина од 3.000 километри, кои ќе се обидат да ги освојат вкупно 334 натпреварувачи. Од нив 137 се на мотоцикли, 97 со автомобили, 41 со камиони и 59 на други возила. Најголем напор за најсмелите ќе бидат песочните пустини на Перу, од кои е составена 70 отсто од предвидената рута. Колку од нив ќе успеат да ги совладаат ќе знаеме на 17 јануари, кога Дакар караванот по 40-ти пат ќе стигне на својата цел. Најславната трка во историјата на мотоспортовите веќе со децении нема врска ниту со Дакар, ниту со Париз од каде некогаш стартуваше. Но тоа воопшто не ја намали нејзината атрактивност. Напротив, предизвикани со сегашните економски проблеми во Јужна Америка, организаторите повторно планираат да се вратат во Африка.