Стара нова година, стари нови цени на горивата
Објавено на 13 јануари 2020 година
Замислете и тоа се случи – регулаторната комисија за енергетика на Македонија одлучи да ги зголеми цените на горивата во просек за 0,97%, ама заради заокружувањето на сумите новите малопродажни цени се идентични со старите. Така, како и минативе пет дена, и во оваа стара нова година ќе влеземе со стари нови цени на горивата кои на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 изнесуваат 68 односно 70 денари, а на еуродизел Д-Е V 62,50 денари за литар. До ова е дојдено заради намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кај бензинот во просек за 0,92% и кај дизелот за 1,90%, истовремено кога курсот на доларот се зголеми за 0,61%. Математиката со процентите е малку чудна, но таква каква е влијаеше така како што влијаеше.


