Србија и Македонија со заедничка граница (со видео во живо)
Требаше пред цел месец, ама заради административни причини дури сега стартуваат заедничките гранични контроли со Србија
Објавено на 26 август 2019 година
Еден месец откако беше најавено, на граничниот премин Табановце со Србија ќе застануваме само еднаш – на одење на српскиот дел, а на влегување во Македонија на нашиот. Имплементацијата на заедничките гранични контроли меѓу двете соседни земји значи дека контролата на патниците и транспортерите кои патуваат од и кон Србија ќе се врши заеднички само на едно место, каде службениците и на двете земји ќе ги вршат сите потребни формалности. Ова е посебно значајно за намалување на чекањето за обавувањето на царинските контроли на транспортерите, кои ќе си ги намалат нервозите, загубеното време и трошоците. Заеднички гранични контроли треба да бидат воспоставени и на Ќафасан.
Моменталната состојба на граничниот премин Табановце може да ја видите на следниов линк.