Според англиското списание – “What car?”

Top News Занимливости

Peugeot e-208 прогласен за мал електричен автомобил на годината

Peugeot e-208 Allure Premium напред, останатите стој!

објавено 08 октомври 2020

Стапувањето во електрификацијата на Peugeot е маркантно. Новиот e-208 не само што плени со својот изглед и автономија, тој успеа во својата категорија да победи модели кои имаат подолга традиција во ова поле како што е Renault Zoe и ново дојденецот Honda E. Стручното жири на англиското списание What Car? беше импресионирано од уникатната филозофија на Peugeot која опфаќа изведби со бензински, дизел и електричен погон без компромис во практичноста, спецификациите или способноста. Допринос на одлуката имаше впечатливиот ентериер на новиот e-208 Allure Trim. Членовите на жирито го пофалија новиот ентериер со најновиот Peugeot 3D i-Cockpit за дизајнот и пакетот технологија како и безбедносните карактеристики. Еластичната суспензија и практичниот опсег на батеријата во реални услови исто така добија високи оценки. Главниот уредник на What Car? Стив Хантингфорд  потенцира дека комбинацијата на 50 kWh батерија и електро-моторот од 136 коњи дава динамична комбинација во должина од 340 километри со едно полнење. Кога на тоа ќе се додаде интригантниот дизајн, богатата опременост, одличните конективни и инфо-забавни технологии заокружени со прифатлива цена, јасно е зошто Peugeot e-208 Allure Premium е победник во својата категорија. Од пред четири месеци електричниот 208 е присутен на нашиот пазар а во наградената верзија чини околу 33.000 евра.