Со Volvo веќе нема брзо возење

Top News Вести

Со Volvo веќе нема брзо возење

Објавено на 21 мај 2020 година

Volvo започна да го остварува најавеното – отсега ниту еден нивни нов автомобил нема да може да вози побрзо од 180 километри на час. Ова ограничување ќе биде имплементирано кај сите модели, без разлика на нивната сила и можните перформанси. Исклучоци ќе има само кај возилата за полицијата. Како единствен производител во светот со вакво нешто сигурно ќе предизвика негодување кај дел од корисниците иако реално многу малку од нив некогаш возеле побрзо, барем легално. Тоа е можно само во Германија, а истражувањата на Швеѓаните велат дека токму таму возачите кои поседуваат некој автомобил од оваа марка се најсовесни.

Овој чекор на Volvo е дел од стратегијата да постигнат во нивните автомобили никој да не загине. За тоа беа развиени бројни иновативни безбедносни асистенти, но човечкиот фактор не смее да се исклучи. Како пример се наведуваат безбедносните ремени кои Volvo ги има воведено пред 61 година, но и ден-денес било каде во светот бројот на возачите кои не ги користат е голем. До каде оди размислувањето на Швеѓаните сведочи и нивната одлука сите нови автомобили стандардно да ги испорачуваат со посебен Care Key клуч кој овозможува дополнителни ограничувања на брзината, што е идеално доколку возилото се отстапува на некој друг со помало возачко искуство.

 

клучни зборови: