Сопствениците на Kia Sorento најзадоволни

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Сопствениците на Kia Sorento најзадоволни

Објавено на 11 април 2020 година

Купувањето автомобил никогаш не било рационална одлука – емоциите се тие што нé раководат. Заради тоа и колку сме задоволни од својот нов автомобил дознаваме отпосле. Британците решија да фрлат поглед на ова и да направат топ-листа на автомобили чии сопственици се најзадоволни. А прв на неа, без големо изненадување, е корејски модел, поточно Kia Sorento, за кој се изјасниле 92,05 отсто испитаници, на кои најмногу им се допаѓаат комфорот, пространост и практичноста. Нема големи изненадувања ни понатаму на листата, на која следат уште пет SUV модели. Peugeot 3008 има скоро идентичен рејтинг од 92,04%, постигнат најмногу со пофалбите на сметка на механиката и дизајнот. Понатаму се рангираа уште три далекуисточни возила, Lexus RX, Kia Niro и Mazda CX-5, а на шестото место се најде Škoda Kodiaq. Топ-10 листата на автомобили од кои сопствениците се најзадоволни ја заокружија Toyota Corolla, Lexus IS, Hyundai Ioniq и Škoda Superb, додека најдобро пласиран европски премиум модел е Volvo XC40 на 14-тото место.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER