Сообраќајот во Карпош 4 по обратни насоки

Сообраќајот во Карпош 4 по обратни насоки

Објавено на 10 декември 2018 година

Заради намалување на метежот и зголемување на безбедноста, сообраќајниот режим на еднонасочните улици низ Карпош 4 започна да се одвива по обратни насоки. Така, ако досега во населбата од кај Сити Мол влегувавме по улицата Волгоградска, сега тоа ќе го правиме по наредната улица Разловечко востание, и обратно. Со оглед дека токму кај западниот влез на Сити Мол заради влезот во паркингот, таксистите и големиот број пешаци понекогаш се создаваше неописива гужва низ која ниту возилата кои доаѓаа од булеварот Партизански одреди не можеа да влезат во населбата или да продолжат право кон Илинденска, ниту пак оние кои одеа обратно или сакаа да се паркираат во нашиот најголем трговски центар не можеа да се пробијат, ова решение се чини далеку попогодно од досегашното.

Истовремено, брзината во населбата е ограничена на 30 километри на час, а се исцртани и нови пешачки премини.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER