Имате ли трема заради зимското возење?
Пред нас е најтешкото годишно време за возење и доаѓањето на зимата на многумина од нас им создава нелагодности при седнувањето зад управувачот
Објавено на 20 декември 2018 година
Според статистиката, неискусните возачи имаат повеќекратно поголеми шанси да доживеат сообраќајна несреќа. Но дури и новите возачи можат да уживаат во возењето кога автомобилот и пневматиците се во добра состојба. „Зимата донесува големи временски варијации, а промените на триењето што ги предизвикуваат снегот и мразот можат да ги изненадат неискусните возачи. Видливоста може да биде лоша, а лапавицата и замрзнатиот дожд имаат големо влијание на управувањето на автомобилот и должината на патот на сопирање“, вели тест-возачот Мика Куси од компанијата Nokian Tyres. Како млади возачи се сметаат почетниците во возењето. Исто така има и многумина кои ретко возат. Кратките возења од вашиот дом до продавница нема многу да придонесат за искуство во зимското возење. „Луѓето кои ретко возат често имаат проблеми со тешките рути или зимските услови. Возењето низ центарот на градот, заглавувањето во метежот, паркирањето и ноќното возење можат да им изгледаат страшно на новите возачи“, објаснува Куси.
Контролата над возилото се подобрува со искуството
Според податоците на Европската комисија, возачите стари меѓу 16 и 24 години се убедливо најбројни во статистиката за сударите и несреќите со смртни последици. Во споредба со поискусните возачи, ним им се заканува два до три пати поголем ризик од учество во сообраќајна несреќа. Несреќите во кои учествуваат младите возачи често се случуваат заради губење на контрола над возилото или пребрзо возење и најчесто се случуваат ноќе. Состојбата на автомобилот и познавањето на неговите карактеристики значително влијае на безбедноста. Младите возачи често возат постари автомобили кои немаат системи за помош во возењето и најнова безбедносна опрема. Наместо резервниот семеен автомобил, на младиот возач треба да му се даде најможниот безбеден автомобил. „Дури и кај поновите модели мора да знаете како ќе се однесува автомобилот во екстремни услови. Враќањето во својата лента после престигнување по зимско време е типично сценарио во кое доаѓа до губење на контролата“, вели Мартин Дражик, производствен менаџер во Nokian Tyres Europe. Дражик потсетува дека дури и автоматските системи и безбедносната опрема на големите SUV возила не можат да го задржат возилото на патот ако брзината е преголема.
Ако ретко возите, добрите пневматици се најбезбеден избор
Покрај возилото, неискусните возачи посебно внимание треба да посветат и на пневматиците. За луѓето кои ретко возат, Дражик препорачува избор на најдобрите модели од најновите линии на производи. „Најновите модели на пневматици секогаш ќе имаат подобро прилепување и најнови иновации кои пружаат подобро чувство за контрола и поголема безбедност на доста лизгави коловози. Новите пневматици се во добра состојба, но сепак треба редовно да се проверува длабочината на шарата. Одржувањето на соодветен притисок во пневматиците исто така е важно“, потсетува Мартин Дражик. Тој и Мика Куси имаат долги кариери поврзани со автомобилизмот и пневматиците и сакаат да ги охрабрат плашливите возачи: „Посебно во зима, можете – и треба – да бидете посебно внимателни во тек на возењето. Единствен начин да научите да возите е – да возите.“
Возете храбро! – Совети за неискусните возачи:
- Потребната храброст можете да ја стекнете единствено со вежба. На пример, празните паркиралишта ви овозможуваат своето возило да го тестирате во различни сценарија. Исто така можете да отидете на часови за возење во авто-школа, иако веќе имате дозвола.
- Возењето на лизгави површини треба редовно да се вежба за да би знаеле како вашиот автомобил ќе реагира при пролизгување. На пример, патеките на замрзнатите езера се оптимални за таа цел. Ако е потребно, можете да посетите и специјални патеки за обука. Меѓутоа, тие често се премногу лизгави и не пружаат исто чувство како вистинскиот снег и мраз.
- Смиреното управување е клучно. Наместо да паничите, да ги стискате сопирачките до крај и возите со укочени рамења, треба да гледате каде можете да скршнете и да ја задржите контролата дури и во случај на изненадување.
- Честото проверување на притисокот во пневматиците можеби изгледа небитно, но може да има големо влијание на возењето во екстремни ситуации. Автомобилите со погрешен притисок во пневматиците можат чудно да се однесуваат при маневри за избегнување при големи брзини, на пример.
Советите ги дадоа тест-возачот на компанијата Nokian Tyres Мика Куси и производствениот менаџер Мартин Дражик.