Се покажа во полн сјај :: Teslа Мodel 3 претставен во Загреб

Teslа Мodel 3 претставен во Загреб

Хрватската метропола ја имаа таа чест прва во Европа да го дочека најисчекуваниот автомобил во светот
Објавено на 22 септември 2018 година

Во склоп на проектот „Татковината на Никола Тесла“ во Загреб беше претставен електричниот Tesla Model 3. Неофицијално, додуша, бидејќи најисчекуваниот автомобил во светот кој уште пред да му започне производството собра 400.000 нарачки пристигна во Загреб со посредство на компанијата E.V.A. Blue, од каде изјавија дека со тоа по повод одбележувањето на европската недела на мобилноста посветена на одржливиот развој сакаат да испратат порака дека со едукација и поголем развој на инфраструктурата од електричните возила корист имаа сите, посебно во градските центри заради намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид и бучавата. Беше потенцирано и дека раната адаптација на новите технологии е значајна за засилување на енергетските капаците на земјата со помош на обновливите извори на енергија, бидејќи сега Хрватска увезува околу 40 отсто од електричната струја.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER