Volkswagen TAS Golf II
Пред 35 години од фабриката во Сараево излегоа првите примероци на Golf II
Објавено на 10 јуни 2020 година
Volkswagen Golf е легенда низ цела Европа, посебно во земјите од поранешна Југославија бидејќи беше домашен производ. Уште од самиот почеток на производството се наметна како автомобил што секој посакува да го има, статус кој посебно беше зацврстен со втората генерација која во Сараево започна да се произведува пред точно 35 години. За фабриката TAS која беше во заедничка сопственост на UNIS и VW рекордна година беше 1989-тата кога беа произведени 37.411 автомобили. Покрај Golf, таму се произведуваа и Jetta и Caddy. Од германскиот, Golf се разликуваше по ознаката TAS на предната маска, грбот на градот Сараево на боковите и бувката Ј во ознаката на моделот. Овој автомобил остави неизбришлива трага во историјата на земјата која набргу се распадна. Половина од производството се пласираше во Словенија, по 20 отсто во Босна и Херцеговина и во Хрватска, а останатите 10 отсто отидоа во Србија, Црна Гора и Македонија. Од двете генерации заедно во Југославија вкупно беа произведени околу 200.000 примероци од Golf. Фабриката престана со работа во 1992 година, после само неколку пробни примероци од Golf III.
Видео


