Светот на автомобилизмот остана без уште една легенда » Почина Стирлинг Мос

Top News Вести

Почина Стирлинг Мос

На возраст од 91 година, почина легендарниот британски возач Стирлинг Мос

Објавено на 13 април 2020 година

После долга и тешка болест која не се поврзува со коронавирусот, почина Стирлинг Мос. Легендарниот британски возач кој се смета за еден од најголемите во историјата на формула 1 се повлече од јавниот живот во јануари 2018 година заради здравствени проблеми. Тогаш тој помина 134 дена во болница после инфекцијата со која се здоби во Сингапур во декември 2016 година. Оттогаш слабо се слушаше за неговото здравје, за сега да ја слушневме и конечната вест – тој на возраст од 91 година го напушти овој свет.

Стирлинг Мос кој никогаш не стана шампион иако се натпреваруваше во формула 1 од 1951 до 1961 година, освојувајќи 16 од 66 трки на кои учествуваше. Во тој период четири пати сезоната ја завршуваше на второто, а три пати на третото место. На оние кои паметат подолго во сеќавање ќе им остане ситуацијата од 1958 година кога се заложи за својот ривал и сонародник Мајк Хоторн и на тој начин спречи тој да биде дисквалификуван, што практично го чинеше титулата. Настапуваше и во многу други натпреварувања, а вкупно забележи 212 победа во сите дисциплини во својата богата кариера.