Сагата меѓу Renault и Fiat продолжува » Нема откажување!

Нема откажување!

И покрај наглиот прекин на преговорите заради „виша сила“, двете групации сé уште се отворени по прашањето за нивно продолжување

Објавено на 25 јуни 2019 година

Без да навлегуваат во насоките за понатамошниот нивни тек, и Renault и Fiat индиректно но јасно и недвосмислено ставаат си ставаат едни на други на знаење дека нивното потенцијално спојување сé уште е можно. Единствено што (полу)официјално се слуша е дека постои загриженост условите кои придонесоа за нивно прекинување да не им запречат и во иднина. Оттаму е јасна и нивната моментална воздржаност од изјави бидејќи сé додека климата не се промени продолжението на преговорите може да заврши уште пред да започне. Оптимизам сепак постои. Првите сигнали за него стигнаа од Nissan по одржаниот состанок со челниците на Renault, бидејќи јапонскиот производител не ја отфрли можноста да дојде до договор, под услов претходно да се редефинира структурата на алијансата со цел сите нејзини членови да бидат пофлексибилни и понезависни едни од други.

Потсетуваме, FCA ја повлече својата понуда за спојување со Renault откако француската влада која е најголем акционер побара уште еднаш да се одложи донесувањето на одлуката. Со тоа беше упатена јасна порака до политичарите дека треба да им ги препуштат уздите во раководењето на Renault на самата компанија.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER