РЅА – нова платформа за електрични возила

Top News Вести

Офанзивата се засилува!

Воведувањето на eVMP ќе служи како основа за многу возила од Ц и Д сегментот.

објавено 31.08.2020

 

Да се биде во тек со случувањата во полето на електрификацијата на возилата е клучнп за опстанок на производителите. Ова е став на групацијата РЅА која веќе се трансформира од мулти-енергетска платформат (хибридни возила) на нова 100% електрична платформа за да го поддржи развојот на електричните возила. Едноставно наречена  eVMP (Electric Vehicle Modular Platform) таа треба да пружи високи перформанси со автономија до 650 километри според WLTP циклусот на возење, додека складирањето на струјата ќе се одвива во батерии со висок капацитет. Новата платформа ќе биде пример за техничката напредност на групацијата со која ќе се аплицира знаење како да се извлече максимумот од оптимизираната архитектура на батериите за складирање на енергија.

Во почетокот се шпекулира со капацитети од 60 до 100  kWh, но се нагласува можноста за регенерирарање дури и до 50 kWh со што ќе моѓе да се понуди од 400 до 650 километри автономија во зависност на типот на каросеријата. А кога сме кај каросериите се планира да се понудат сите типови каросерии од Ц и Д сегментот, од хечбек, седан, караван, лимузини до спортско-корисни возила. Ефективноста и високото ниво на техничката перформанса eVMP зависи од оптимизацијата на истражувањето и развојот како и на индустриските трошоци. За сега се проучува индустрискиот процес за да се постигне максимална синергија со постоечките ресурси во фабриките и потребните инвестиции за достигање на саканото ниво на технологија и производство на електричните компоненти под покривот на групацијата. Целта е преку eVMP групацијата РЅА да ја покаже способноста на своите купувачи да им понуди најсовремена технологија по пристапна цена. Рокот за реализација на овие цели е најдоцна до 2025 година а веќе првите возила треба да се појават за две години.