Дизелот не е веќе најскап!
Со последната одлука за утврдување на малопродажните цени на горивата, по подолг период дизелот станува поевтин од 98 октанскиот бензин. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС–95 и ЕУРОСУПЕР БС–98 не се менуваат, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ се намалува за еден денар по литар.
ЕУРОСУПЕР БС–95 79,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 81,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 80,50 ден/лит.