РКЕ – Благо поевтинување на горивата

Во своето редовно понеделничко нивелирање на цените на горивата регулаторната комисија за енергетика запре на половина денар – само за толку ќе поевтинат суперот од 95 октани и дизелот. Нема многу посреќни да бидат ниту оние кои точат супер 98 за кој цената сега ќе биде за цел денар  пониска. Образложението за ваквите корегирања на цените на горивата кај нас е стандардно – намалувањето на референтните цени на бензинот на светски берзи за 1,454%, на дизелот за 0,742% и на курсот на доларот за 0,187%. Сите овие проценти кои влегоа во математиката на регулаторната комисија стручно наречена методологија, резултираа со поевтинување на горивата  во Македонија за 0,66%. Тие од утре ќе изнесуваат:

  • бензин еуросупер БС-95 – 82,50 денари
  • бензин еуросупер БС-98 – 84,50 денари
  • еуродизел БС Д-Е V – 78,00 денари

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER