Регулаторна – Поскапуваат горивата

Вести Македонија

Најголем скок кај дизелот

Кратко траеше радоста

објавено 16. ноември 2020

Реулаторната комисија на денешната седница одлучи да ги зголеми цените на горивата. Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврденасо одлуката од 09.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит. Ова е најмало зголемување на цената за додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 09.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит.