Регулаторна одлучи – од полноќ

Вести Македонија

Бензините симболично поевтинваат, дизелот со иста цена

објавено 19 октормври 2020

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија се врши намалувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени минатата седмица . Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,515%, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,074%, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,415%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година, и со тоа малопродажната цена а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50ден/лит, ималопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50ден/лит.