Пролетна офанзива на Kia

Пролетна офанзива на Kia

Со отворањето на новиот салон, возилата на Kia повторно се враќаат во Струмица

Објавено на 31 март 2019 година

Киа Моторс Македонија го исполни даденото ветување – отворен е нов продажен салон во Струмица. Лоциран е пред самиот влез во градот и со своите 400 квадратни метри на купувачите ќе им овозможи квалитетно запознавање со гамата на корејскиот производител. Според зборовите на директорот Владимир Билбилов планот е да се понуди услуга на еднакво ниво како и во импортерскиот центар во Скопје. Заради тоа е одлучено место дилерство да се оди со сопствен продажен салон. Наскоро ќе биде отворен и сервис кој ќе биде опремен за редовно одржување на возилата и основни механичарски зафати. Снабденоста со резервни делови ќе ја следи структурата на возниот парк од оваа марка во регионот.

На свеченото отворање на новиот салон на кое присуствуваа бројни гости и претставници на медиумите, официјално беше најавено претстојното проширување на понудата на Kia со Shooting Brake верзијата на Ceed и интересниот Niro. Првиот модел кој провоцира со својата концепција ќе пристигне наскоро, додека двете хибридни и електричната верзија на кросоверот Niro ќе го збогатат присуството на марката во текот на есенва.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER